Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ги скроти „лисиците“ на Кинг Пауер (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Арсенал издвојуваа победа на Лестер од 3-1 на пресметката од 26. коло од Премиер лигата која се одигра на „Кинг Пауер“.

Арсенал е далеку од врвот, Топ 4 и во оваа сезона, но покажа дека умее и знае да им се спротистави на тимовите кои подобро котираат на табелата, па и да ги сруши во нивниот дом. „Лисиците“ одлично запоќна и веќе во 6 минута го товорија резултатот преку Тилеманс.

Овој резултат беше активен до завршницата на првиот дел кога гостите од Лондон со головите на Луиз и Лаказет направија пресврт и со предност заминаа во соблекувалната.  На почетокот на второто полувреме „топчиите“ дадоа уште еден гол преку Пепе што беше голем удар за избраниците на Роџерс, удар од кој не закрепнаа и мораа на крајот спортски да му ја честитаат победата на противникот.

Лестер со 49 бода останува на третото место, Арсенал со 37 е на десеттата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни