Поврзете се со нас

Англија

Арсенал доживеа уште еден удар, Артета се изјасни за актуелниот преоден рок

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Ремито со Брајтон донесе и дополнителен проблем за Арсенал, а менаџерот Микел Артета призна дека неговиот клуб ќе биде подготвен за реакција во јануарскиот преоден рок.

Младиот Итан Нванери беше промовиран како замена за повредениот Букајо Сака, а само што се наметна како продуктивна опција за екипата и тој самиот заработи повреда и сега оди на принудна пауза.

– За жал, тој заработи мускулна повреда и ќе паузира неколку недели.

– Ќе следиме внимателно што се случува на фудбалскиот пазар, тоа не е потврда, ниту демант во однос на тоа дали би ангажирале нов фудбалер. Целта не е да се доведе било кој фудбалер, – рекол Артета.

„Топчиите“ утре играат со Њукасл во Карабаои купот, менаџерот потврдил дека Рахим Стерлинг не е во комбинација поради повреда, а неизвесен е и настапот на Каи Хаверц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни