Поврзете се со нас

Англија

Арсенал договори уште едно звучно засилување и надмина сума од 200 милиони евра на трансфер пазарот

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал остана пократок во шампионската трка со Манчестер Сити и во самиот финиш од сезоната ја загуби титулата, а според многумина, главна причина за тоа беше кратката ротација на клупата и заморот кај главните играчи кои беа стартери.

Поради тоа, Микел Артета брзо побара од раководството да се реагира ова лето и дополнително да се подобри тимот кој навистина многу ветува, па работите во овој момент изгледаат навистина оптимистично за „топчиите“.

Откако веќе беше промовиран Каи Хаверц и се договорија последните детали за Деклан Рајс, Арсенал сега е пред осигурување и на третото звучно име, кое треба да пристигне од редовите на Ајакс.

Угледните англиски медиуми тврдат дека Арсенал добил зелено светло од Ајакс за ангажман на Јуриен Тимбер, кој за сума од 40 милиони евра ќе стане нов „топчија“.

Младиот 22-годишен договор сега треба да ги договори последните детали од личните услови и да ги мине медицинските прегледи, по што во наредните денови ќе биде претставен како нов член на тимот кој го води Артета.

Со ова, Арсенал засега е апсолутен владетел на трансфер пазарот во Англија, бидејќи за трите импресивни трансфери надмина сума од 200 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни