Поврзете се со нас

Англија

Арсенал добил лоши вести за повредата на еден од своите важни дефанзивци

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета очекувано бил задоволен од вчерашната драматична победа на Арсенал во дуелот со Лутон, но сепак на медиумите им потврдил и една не толку посакувана вест.

Шпанскиот менаџер потврдил дека повредата на Такехиро Томијасу не е наивна и тој сепак ќе мора да оди на принудна пауза.

Јапонскиот дефанзивец заработи повреда на дуелот со Волвс и Артета тогаш истакна дека веројатно се работи за моментален проблем, но неколку дена подоцна потврдил дека прегледите покажале нешто друго.

Томијасу сепак заработил мускулна повреда и поради тоа ќе недостасува во тимот неколку недели, при што медиумите најавуваат дека паузата ќе трае меѓу четири и шест недели.

Значењето на дефанзивецот е големо во обидот на Арсенал да ја освои Премиер лигата, како и да биде важен дел од ротацијата на екипата при настапите на повеќе фронтови. Томијасу често има проблеми со повреди откако е во Арсенал, но и покрај тоа „топчиите“ подготвуваат нов договор за 25-годишниот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни