Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ангажираше нов голман како замена за Мартинез

Објавено

на

blank

Арсенал брзо успеа да пронајде замена за Емилијано Мартинез на голманската позиција, а таа информација не оди во прилог на нашиот интернационалец Дени Илиев.

Заминувањето на Мартинез во Астон Вила ги зголеми шансите на Илиев да добие шанса од менаџерот Микел Артета како „бекап“ за Бернд Лено, но пред малку „топчиите“ го потврдија трансферот на Алекс Рунарсон.

Исландскиот голман доаѓа од Дижон, а Арсенал ќе плати околу 2 милиони евра за овој трансфер.

Рунарсон има 25 години, потпишал 4-годишен договор со Арсенал и веќе го избрал дресот со број 13.

Од трансферот на Мартинез во Вила, лондонскиот клуб заработи 16 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни