Лига на шампиони
Ароганција е мал збор: Срамното однесување на Ди Марија кон Рафиња и Тухел му донесе негативни коментари (Видео)
ПСЖ со многу мака успеа да го победи Лајпциг со минимални 1:0 и ги задржа своите шанси за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, натпревар во кој францускиот првак ниту одблиску не личеше на тимот кој минатата сезона играше во големото финале во најелитното натпреварување.
Повеќе од очигледно е дека ПСЖ е во криза и изминатава ноќ победи само благодарение на погодокот од белата точка кој го постигна Нејмар, а во останатиот дел, „светците“ беа под сериозна закана да примат гол во пресметката која не беше воопшто пријателска и која имаше доста жестоки дуели на двете страни.
Со оглед на тоа што се создаде огромна тензија на теренот, не помогнаа ниту реакциите од клупата, односно потезите кои ги повлекоа тренерите.
Томас Тухел се најде во навистина непријатна ситуација во 64-та минута кога реши да ја изврши првата измена, бидејќи Анхел Ди Марија демонстрираше однос кој во никој случај не треба да биде отслика за професионален фудбалер.
Аргентинецот прикажа голема ароганција и луто мина крај Рафиња на кого му го отстапи местото, а во продолжение се обидуваше и да го избегне Тухел кој како да сакаше да му ја образложи својата одлука.
И во минатото сме имале прилика да ги гледаме ѕвездите на ПСЖ во луто издание, но ова однесување на Ди Марија му донесе многу негативни коментари поради тоа што не само што покажа непочитување кон тренерот, истото го направи и кон Рафиња кој влезе место него на теренот.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 13 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
НБАпред 15 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)