Поврзете се со нас

Англија

Арнолд донесе бод за Ливерпул во Манчестер, Гвардиола и Нуњез влегоа во клинч по крајот на дербито (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Епилогот од дербито меѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе донесе најмногу радост во Северен Лондон, бидејќи Арсенал со победа против Брентфорд може да избие на првото место.

Сити заслужено поведе во првиот дел преку Ерлинг Халанд и профитираше од грешката која ја направи Алисон, но откако не успеа да го затвори мечот во кој воглавно доминираше, доби казна на десет минути пред крајот.

Ливерпул изгледаше навистина безопасно цели 80 минути, но една обична акција заврши со гол во мрежата на Едерсон, а главен виновник за тоа беше Александер Арнолд.

Дефанзивецот на Ливерпул биеше максимално прецизно и успеа да го матира бразилскиот голман од работ на шеснаесетникот, па ова се покажа и како клучен момент на дербито.

Сити се обиде да дојде до втор гол и најблиску до тоа беше Халанд во 97-та минута, но неговиот удар со глава заврши крај голот и двата тима се задоволија со освоен бод. Сепак, финишот донесе и мала тензија, а дел од истата беа Дарвин Нуњез и Пеп Гвардиола.

Уругвајскиот напаѓач имаше сериозни забелешки за Пеп и успеа да го налути Шпанецот, но миротворец во дадената ситуација беше Јирген Клоп кој ја смири ситуацијата, а потоа срдечно разговараше и се прегрна со својот колега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни