Поврзете се со нас

Италија

Арнаутовиќ: Знам што ќе се случи наредната сезона

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер имаше позитивна сезона во која со доминатна игра го освои трофејот во Серија А, но и Супер Купот на Италија.

Ова дефинитивно ќе биде почетна точка за наредната кампања за која „нероаѕурите“ сигурно ќе го освежат составот, веќе се договорени неколку имиња, се најавуваат и други, но и заминување на дел од сегашниот играчи кадар.

Меѓу оние кои треба да го напуштат „Сан Сиро“ е и Марко Арнаутовиќ според информациите на медиумите, но искусниот напаѓач има поинаков план кога е во прашање неговата иднина.

-Многу добро знам што ќе се случи следно, јас сум смирен. Новинарите зборуваат многу кога денот е долг, како што сите знаеме, особено во Италија. Сè уште имам договор со Интер, целосно сум среќен, станавме шампиони оваа сезона.

-Никој ништо не ми кажал, дури ни на брат ми (агентот]). Се подготвувам за Европското првенство, потоа одам на одмор, па се подготвувам за следната година со Интер, -истакнал напаѓачот кој не беше во прв план во натпреварувачката 2023/2024.

-Тешко е, не сум навикнат на ова, секогаш играв од самиот почеток. Знаев дека ќе биде потешко во Интер. Тие двајца (Лаутаро и Турам) завршија извонредна работа, јас сум горд на нив. Двете повреди што ги доживеав оваа сезона беа горчливи за мене, но мислам дека сега се вратив на 100 проценти, -заклучи Марко за „спорт.орф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни