Италија
Арнаутовиќ со гол и мајсторска асистенција ја најави победата на Интер (Видео)

Интер се избори за најдобар можна подготовка за реваншот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, откако денеска тимот на Симоне Инѕаги си ја заврши „домашната задача“ наречена Калјари.
На натпрвар на кој играчите на Интер истрчаа на теренот со специјални дресови во чест на Валентино Роси, воведот донесе доминација на еден фудбалер, а тоа беше стандардниот резервист, Марко Арнаутовиќ.
Со цел да сочува сили за реваншот со Баерн, Инѕаги му даде шанса на искусниот напаѓач во стартната постава, а многу брзо не зажали за таквиот потег.
Арнаутовиќ најпрво постигна ефектен гол за водство од 1:0, а потоа испорача и мајсторска асистенција до Лаутаро Мартинез, која капитенот едноставно не смееше да ја упропасти.
Со елегантна завршница, Аргентинецот зголеми на 2:0, па Интер си го трасираше патот кон нова победа во домашното првенство, која прави шампионот да биде поблиску до титулата.
Во вториот дел, Калјари се закани и се врати во игра со голот на Пиколи, но Бисек брзо одговори и со удар со глава ги постави конечните 3:1.
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата