Поврзете се со нас

Италија

Арнаутовиќ постави рекорд кој тешко ќе биде соборен (ФОТО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Италијанскиот прволигаш Интер во еден возбудлив, динамичен натпревар успеа да остане непоразен во соочувањето со Бенфика во Лигата на шампионите.

Средбата во Лисабон донесе две различни полувремиња, прво во кое домаќините го славеа Жоао Марио кој со хет-трик донесе водство од 3-0 и второ во кое гостите се разбудија, покажаа карактер, дојдоа до 3-3, а малку фалеше и да слават ако ударот на Барела за малку беше попрецизен во судиското продолжение.

Еден од головите на Интер беше дело на искусниот Марко Арнаутовиќ кој на овој начин испиша историја во елитното натпреварување. Имено имаат поминато 4.740 дена од последниот гол на Арнаутовиќ во оваа конкуренција. поточно тој стрела повторно по скоро 13 години.

4.740 денови е најголема разлика меѓу два постигнати гола во ЛШ што значи Марко има учинок кој тешко ќе може да биде соборен во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни