Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Арнаутовиќ обезбеди предност за Интер, Борусија не ја задржа предноста во Ајндховен (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Inter

Марко Арнаутовиќ немаше најдобар старт на дуелот меѓу Интер и Атлетико Мадрид, но подоцна го постигна единствениот гол, со кој италијанскиот тим заработи важна предност пред реваншот во Шпанија.

Осминафиналниот двомеч ќе биде неизвесен до крајот на реваншот, но италијанскиот состав има гол предност по првата средба, на која Арнаутовиќ реализираше во 79. минута од средбата.

На вториот натпревар, Борусија Дортмунд поведе на гостувањето кај ПСВ со голот на Мален, кој е поранешен играч на холандскиот тим.

Мален реализираше во 24. минута, а домаќините израмнија во 56. минута, кога Де Јонг реализираше од белата точка, поставувајќи ги конечните 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни