Арнаутовиќ со магија во стилот на Бергкамп ги воодушеви премиерлигашките фанови (Видео)

arnautovic-slavi

Вест Хем победи на гостувањето кај Хадерсфилд со 1:4 и ја продолжи серијата од четири натпревари без пораз во Премиер лигата, а најзаслужен за триумфот на „Кирклис“ стадионот беше Марко Арнаутовиќ кој беше исклучително многу расположен за игра.

Напаѓачот на Вест Хем кој изминатово лето направи голем трансфер во лондонскио клуб денеска најдобро ни демонстрираше зошто челниците платија толку пари за него, постигнувајќи еден магичен гол во стилот на Денис Бергамп.

Покрај ова, Арнаутовиќ во продолжение од мечот на двапати одлично асистираше и до својот соиграч Ланзини кој погоди за 1:3 и 1:4, па на тој начин перфектно го заврши овој меч кој сигурно е најдобар за него во дресот на „чеканите“.

Од останатите мечеви кои се одиграа во Премиер лигата, Лестер успеа да му одолее на Челси и покрај тоа што имаше играч помалку во завршницата, па конечните 0:0 ги ставаат лондонските „сини“ да паднат и на четвртото место по крајот на ова коло.

Facebook Коментари