Поврзете се со нас

АТП

Арналди го шокираше Рубљов, Синер продолжува без загубен сет на Ролан Гарос

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Елиминацијата на шестиот носител, Андрер Рубљов, досега е најголемо изненадување на годинешното издание на Ролан Гарос, а се случи уште во втората рунда.

Рускиот тенисер загуби во дуелот со Матео Арналди, меч во кој Италијанецот го доби првиот сет во тајбрејк, а следните два ги заокружи со 6:2 и 6:4 за убедлива победа и изненадувачки пласман во следната рунда.

За разлика од Рубљов, грешка не дозволи Јаник Синер кој денеска без загубен сет го доби мечот со Павел Котов, уште еден руски тенисер за кого заврши настапот во Париз.

Вториот носител ги доби трите сета со идентичен резултат 6:4, па по 150 минути игра денеска, ќе се подготвува за следната рунда и дуел со подобриот од мечот меѓу Муте и Офнер.

Арналди ќе има потешка задача, бидејќи во осминафиналето веројатно ќе се соочи со Циципас, кој е голем фаворит во дуелот со Жанг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни