Аријан го катапултираше Динамо по зимската пауза: Гол шоу на Адеми во победата над Осијек (Видео)

ademi-osijek

Хрватското фудбалско првенство ова попладне продолжи онаму каде што застана во месец декември, а добра вест по завршувањето на зимската пауза е тоа што нашиот Аријан Адеми денеска играше на теренот како воопшто да немал пауза од фудбалските тревници.

Македонскиот репрезентативец имаше спектакуларно деби во репрезентацијата по суспензијата која ја имаше од ФИФА, а денеска имаше одлично голгетерско шоу во победата од 2:4 која ја оствари Динамо Загреб на гостувањето кај Осијек. Капитенот на Динамо беше стрелец на два од четирите гола кои ги постигнаа гостите на овој меч, а ова секако е добра најава за она што ќе следува во продолжение од шампионатот во кој јасно е дека загрепчани се главни фаворити за титулата бидејќи веќе имаат и повеќе од убедлива предност на табелата.

Facebook Коментари