Поврзете се со нас

Македонија

Арифовски e минато, Беласица има нов тренер

Објавено

на

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица има нов шеф на стручниот штаб.

Клубот од Струмица одлучи да се раздели со досегашниот тренер Шефки Арифовски, а на негово место го назначи Благој Гуцев.

Гуцев е поранешен играч на оваа екипа, човек кој многу добро ги познава во клубот, па во таборот на Беласица се надеваат дека со неговиот ангажман ќе се подобрат резултати во ВМФЛ.

По 6.коло струмичкиот состав е на 7 место на табелата со 8 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни