Поврзете се со нас

Шпанија

Аргентинските медиуми го открија името на новиот клуб на Серхио Агуеро

Објавено

на

Добро упатени извори за аргентинските медиуми го пренесоа новиот клуб на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Уште пред два месеци стана јасно дека Агуеро по крајот на сезоната ќе си оди од Манчестер Сити, а сега веќе нема дилеми и во кој клуб ќе продолжи.

Според аргентинскиот „ТyC Sports“, Агуеро кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, клуб кој пројавил најсериозен интерес за 32 годишниот напаѓач.

Агуеро за „граѓаните“ одигра 384 натпревари на кои постигна 257 погодоци со кои се запиша во историјата на клубот како најдобар стрелец. Жоан Лапорта сака да го искористи Агуеро како мамка за да го зачува Лионел Меси кој се уште не донел одлука дали ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе ја промени средината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни