Поврзете се со нас

Свет

Аргентинскиот селектор кани европски репрезентации на Копа Америка: Баш да видиме…

Објавено

на

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони зборуваше пред полуфиналето на Копа Америка во Соединетите Американски Држави против Канада, а во еден момент изрази желба на овој турнир да учествува и репрезентацијата од Европа. .

Селекторот на актуелниот светски шампион од Катар истакна нешто што би сакал да се случи во иднина поврзано со репрезентациите од Јужна и Северна Америка и Европа.

„Би сакал да видам европска репрезентација повикана на Копа Америка, баш да видам како ќе биде тоа, но и обратно, некоја наша селекција да не претставува на ЕП“, изјави Скалони, а секако никој сериозно нема да ги сфати неговите изјави, ниту искрено очекува ваков „експеримент“ во блиска иднина, иако како што се менува фудбалот, којзнае.

Скалони е на клупата на Аргентина од 2018 година и има договор до крајот на 2026 година, односно до крајот на Светското првенство во Северна Америка.

Досега ги предводеше „гаучосите“ 73 натпревари и има одлични резултати. На тие натпревари Аргентина забележа 55 победи, 12 нерешени и само шест порази со 162 постигнати и 48 примени гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни