Поврзете се со нас

Свет

Аргентински прволигаш вклучи инфлуенсер во стартниот состав против лидерот Велез (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpreenDMC

Голем број фудбалери од аргентинското првенство реагираа жестоко поради потегот на прволигашот Депортиво Риестра.

Екипата која нема посебно реноме во својата земја и посебно надвор од неа, реши да вклучи познат инфлуенсер во стартниот состав за дуелот против актуелниот лидер, Велез Сарсфилд.

Инфлуенсерот Иван Бухајерук одиграл една минута пред да биде заменет од домашниот тренер, а притоа немал ни контакт со топката на теренот.

Бухајерук е популарен стример во јужноамериканската земја и има 8 милиони претплатници на својот канал, со тимот на Риестра потпиша пред два месеци и оттогаш се подготвувал заедно со останатите првотимци. Клубот го правда потегот со остварување маркетиншка цел за еден од спонзорите, но останатите фудбалери не се најсреќни поради ваквото сценарио.

– Она што се случи денеска е покажување недостиг на почит кон фудбалот, ова е погрешна порака до општеството, до децата кои работат напорно за еден ден да добијат ваква шанса. Ова не е суштината на фудбалот, туку напорна работа која трае многу години, – изјавил Брајан Ромеро од екипата на Велез.

Тренерот на Депортиво Риестра најавил дека ова е прв и последен настап на инфлуенсерот за клубот чиј сопственик поседува и бренд на енергетски пијалок, кој и стои во позадина на потегот со Бухајерук.

По натпреварот, клубот преку официјалниот „Икс“ профил се пофали и со бројките на социјалните мрежи, предизвикани од настапот на популарниот стример.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни