Поврзете се со нас

Свет

Аргентински фудбалер има судски проблем со девојката со која ја славеше светската титула

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Алекс Мек Алистер доби медиумско внимание уште додека настапуваше за Лестер, а извонредните настапи на Светското првенство само го забрзаа неговиот најголем трансфер во кариера.

Мек Алистер го избра Ливерпул и веќе ја игра втората сезона како член на „црвените“, но во период кога се навршуваат и две години од големата титула која ја освои во Катар, Аргентинецот призна дека има судски проблеми со девојката со која ја славеше светската титула.

Камила Мајан му беше девојка на Мек Алистер и беше една од девојките кои најмногу привлекоа внимание на теренот, меѓутоа набрзо после мундијалот, двојката објави дека веќе не е заедно.

За разлика од Мек Алистер, познатиот модел и инфлуенсерка решила да го тужи фудбалерот и да бара обесштетување, од едноставна причина што смета дека заслужува компензација за времето кое го изгубила со Аргентинецот за време на врската.

Фудбалерот на Ливерпул засега успешно успеваше да ја избегне оваа тема, но аргентинските медиуми сепак успеаја да извлечат одговор од него и само добија потврда за тоа што го пишуваа.

– Камила го избра својот пат, а јас мојот и тоа е тоа околу врската. Што се однесува до судскиот процес, се е доставено на суд и чекаме разврска. Такви работи знаат да се случат по една врска. Таа реши да излезе јавно да кажува работи за кои смета дека се вистинити, но јас точно знам што се случи. Затоа сум многу мирен и само чекам разврска на случајот, – вели Мек Алистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни