Поврзете се со нас

АТП

Аргентински фан му ја покажа тетоважата на Ѓоковиќ, Србинот не го криеше воодушевувањето (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ ја искористи посетата на Аргентина за да биде специјален гостин во финалето на Копа Америка, но сепак главна преокупација во Буенос Аирес му беше последниот тениски танц во чест на Хуан Мартин Дел Потро.

Србинот реши да го испочитува својот добар пријател и пристигна во Јужна Америка за да биде дел од прошталниот чин на Делпо, кој вчера во раните утрински часови доживеа незаборавни емоции во друштво на некогашниот ривал.

Дел Потро доби достојно испраќање од професионалниот тенис и се збогуваше пред своите фанови во друштво на најголемиот тенисер на сите времиња, кој покрај тоа што воодушеви со говорот по крајот на мечот, имаше и други низа моменти со кои ги импресионираше аргентинските фанови.

Ѓоковиќ дефинитивно си ја зголеми својата фан база во Аргентина со посетата во Буенос Аирес, а воедно го запозна и Валентин, фанот кој го има истетовирано неговиот лик на својата нога.

Младото момче добило шанса конечно да го запознае својот идол, па откако му ја покажал својата тетоважа, Србинот не останал рамнодушен и го наградил со селфи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни