Свет
Аргентински циркус со потфрлање паричка: Јас не реков сино, врати се ваму…. (Видео)

Арегентинос Јуниорс се пласираше во полуфиналето на Купот на Аргентина како победник во пенал рулетот со Естудијантес, кој на јавноста во Јужна Америка ќе остане во сеќавање по една урнебесна сцена.
Главниот судија на четвртфиналето ги повикал двајцата капитени за потрфлање паричка за бирање на голот на кој ќе се шутираат пенали и да се избере првиот изведувач, но драмата настана во втората „ждрепка“, кога арбитарот реши сам да доделува страни.
Судијата ги одреди боите „сина“ и зелена“ самостојно и не даде право на избор при второто потрфлање, што предизвикало бесна реакција од голманот на Естудијантес.
Маријано Андухар беше незадоволен од епилогот и имал забелешки за судијата, на кој му порачал да го повтори потфрлањето.
– Јас не избрав сино, врати се ваму, повтори го потфрлањето. Зошто ти да ми ја бираш бојата, фрли ја повторно паричката…, – велел Андухар кој како да го насетил поразот на неговиот тим во ситуација кога противниците први добиле шанси да изведуваат пенал.
#CopaDeLaLiga ¡El sorteo más complicado de la historia! Insólito momento protagonizaron Echenique y Andújar en la previa a la tanda de penales entre Estudiantes y Argentinos. pic.twitter.com/YW8XDqWbgY
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) May 12, 2022
-
Англијапред 17 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Македонијапред 10 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 15 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 14 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 14 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)