Поврзете се со нас

Свет

Аргентински бек за незаборавната епизода со Роналдињо: Ми го даде дресот и ме замоли да не го тепам!

Објавено

на

Легендарниот Роналдињо најдобрите фудбалски денови ги мина во Барселона каде дефинитивно го достигна врвот и важеше за убедливо најдобар играч во светот, етапа по која Бразилецот направи трансфер во Милан каде мина три години.

Роналдињо не беше идентично успешен во Серија А како во Каталонија, но сепак и во Италија ја освои титулата во домашното првенство, но и приредил кошмарни денови за играчите кои тогаш му беа ривали.

Еден од нив е аргентинскиот дефанзивец, Пабло Алварез, некогашниот член на Катанија кој сега настапува за Арсенал де Саранди. Алварез потенцира дека било невозможно да се чува Бразилецот, па поради тоа морал да употребува насилен и агресивен метод со цел да го сопре во налетите.

– Се сеќавам на една анегдота со Роналдињо. По крајот на првиот дел по еден дуел меѓу Милан и Катанија на „Сан Сиро“, одевме кон соблекувалните и во тунелот ми се приближи. Го извади дресот и ми порача: Повели Алварез, земи го, но те молам повеќе не ме тепај.

– Ми го даде дресот. Искрено, беше невозможно да го сопрете нормално, беше неверојатен со топката, силен во дуел. Без никаков сомнеж, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, – потенцира Алварез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни