Поврзете се со нас

Англија

Аргентинецот не го прослави маестралниот гол, Бруно му држеше лекции на нервозниот Гарначо (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Алехандро Гарначо е играчот со најдобар учинок во поглед на голови и аситенции од стартот на сезоната во редовите на Манчестер Јунајтед, но тоа сепак не е доволно за целосно да ги освои срцата кај сите навивачи на клубот.

Аргентинецот денеска беше резерва и очигледно не му се допадна тоа што доби шанса само во завршницата, па на критиките од дел од фановите одговори со чудна прослава на мајсторскиот гол кој го постигна против Лестер.

Гарначо воопшто не го славеше голот кој го постигна и во неколку наврати одмавнуваше со главата, а за ваквиот однос доби и капитенска лекција од Бруно Фернандеш по последниот судиски свиреж.

Португалецот беше оној кој се обидуваше да го охрабри Гарначо уште по постигнатиот гол, но и тој што даде изјава за реакцијата на младото крило по крајот на средбата.

– Гарначо постигна фантастичен гол, но не славеше како што треба да слави поради тоа што смета дека одредени фанови ја загубија довербата кај него. Јас му порачав дека луѓето секогаш ќе се жалат и критикуваат, но дека тој треба да ужива на теренот. Му реков да го слави погодокот, направи нешто специјално. Гарначо е специјален играч, тој прави разлика на теренот. Тој е тип на играч кој добива натпревари со еден потег. Сака да дава голови на секој меч, но тоа не може секогаш да биде случај, – изјави Бруно.

Младиот Аргентинец од стартот на сезоната одигра на вкупно 18 натпревари за Јунајтед, на кои успеа да запише седум гола и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни