Поврзете се со нас

АТП

Аргентинецот ќе биде противник на Ѓоковиќ во финалето: Шварцман го доби тенискиот маратон со Шаповалов во Рим

Објавено

на

По една од најголемите победи во својата кариера, Диего Шварцман оваа вечер се избори за настап во големото финале на АТП Мастерсот во Рим, откако во едно исцрпувачко полуфинале на крајот беше подобар од Денис Шаповалов.

Во тенискиот маратон кој траеше точно 3 часа и 15 минути, на крајот повеќе нервни во одлучувачките моменти имаше Аргентинецот, кој во тајбрејкот на третиот сет се избори за триумф кој му обезбеди пласман во прво големо финале во кариерата.

Шаповалов го доби првиот сет со 6:4 и беше подобар на централниот терен во Рим, но Шварцман возврати во вториот со 7:5 и беше јасно дека ќе гледаме крајно неизвесен тенис во последниот сет.

Во овој дел од играта, двајцата тенисери беа доста неконстантни на свој сервис и видовме дури шест брејка, со тоа што треба да се напомене дека Шаповалов сервираше за меч и победа при резутлат 5:4. Во тој гејм, Шварцман се погрижи за шести брејк во третиот сет, па така победникот се одлучуваше во тајбрејкот.

Тринаесеттиот гејм во клучниот сет на крајот беше посреќен за Шварцман, кој со триумфот од 7:4 си закажа финална пресметка со Новак Ѓоковиќ, откако вчера го елиминираше вториот главен фаворит, Рафаел Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни