Поврзете се со нас

Шпанија

Аргентинецот има јасен план: Меси обелодени кога ќе се врати во Барселона

Објавено

на

Лионел Меси веќе втора сезона е дел од Пари Сен Жермен, клуб во кој пристигна од Барселона која поради финансиски причини мораше да се откаже од него во 2021 година.

Аргентинецот веќе е во последните месеци од договорот со „светците“ и иако имаше информации дека се е подготвено за продолжување на соработката засега нема ништо ново на оваа тема, па дел од навивачите на каталонците се надеваат дека тоа може да значи негов кам-бек на „Камп Ноу“ наредново лето.

Меѓутоа колку е таа опција е реална е друго прашање, а дека е речиси невозможно тоа да се случи е изјавата на самиот Меси кој порача дека планира да се врати во Барселона, ама откако ќе ја заврши кариерата.

-Кога ќе ја завршам кариерата, ќе се вратам да живеам во Барселона, тоа е мојот дом, -порачал Лео за „Диарио Оле“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни