Поврзете се со нас

Македонија

Аргентинец на пат кон Скопје: Вардар носи екс играч на Бока Јуниорс

Објавено

на

Доскорашниот фудбалер на Језеро од Црна Гора, Факундо Аранда би можело да биде ново засилување на Вардар, пренесуваат црногорските медиуми.

Неговиот клуб Језеро преку социјалните мрежи објави дека Аранда си заминал од клубот и притоа му се заблагодарија за досегашниот придонес кон клубот.

Порталот „ЦГ-Фудбал“ како што пренесува одличниот фудбалер е на пат за Македонија каде се очекува да потпише за Вардар.

Аранда минатото лето пристигна во Језеро од тимот на Пењарола. Тој ги има минато сите младински категории на славниот Бока Јуниорс, а бил и во друштво на славниот Карлос Тевез.

За клубот од Црна Гора одигра 31 меч на кој постигна 4 гола и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни