Поврзете се со нас

Свет

Аргентинец ја разбесни јавноста откако направил селфи со телото на Марадона

Објавено

на

Дел од обожавателите на починатиот Диего Марадона предизвикаа инцидент со полицијата пред претседателската палата, каде беше поставен ковчегот со телото, како можност за последно збогување со фудбалската легенда.

Фановите инсистирале да влезат во просторијата и не ги почитувале задолжените за обезбедување на церемонијата, па дошло и до пресметка со припадниците на полициските сили.

Вистински шок предизвикаа и неколку луѓе кои на социјалните мрежи објавија фотографија со отворен ковчег, од кои за еден аргентинските медиуми објавија дека бил вработен во погребалната компанија која била задолжена за реализирање на погребот на Марадона.

Компанијата експресно му врачила отказ на авторот на грозоморниот чин, кој заработи и многу критики и закани од вистинските фанови на големата фудбалска ѕвезда.

– Треба да му биде одземено аргентинското државјанство. Не се прави вакво нешто, ова е големо непочитување, – коментирал еден од разочараните Аргентинци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни