Поврзете се со нас

Светски првенства

Аргентинците не можеа да се справат со ракометниот „тенк“: Пикерот на Конго стана вистинска сензација на СП во Египет (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Демократска Република Конго за првпат во историјата обезбеди пласма на едно ракометно Светско првенство, а денешната премиера на мундијалите мина во знакот на нивниот пикер кој многу брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Луѓето кои редовно го следат ракометот не можеа да останат рамнодушни на кружниот напаѓач на оваа африканска селекција, бидејќи играчот со број 15 го привлече вниманието поради својот физички изглед, но и поради неверојатното движеше и експлозивност за својата килажа.

Станува збор за Гаутиер Мвумби кој постигна четири гола како пикер на ДР Конго, натпревар на кој мора да се напомене дека аутсајдерот во ниту еден момент не се посрамоти во дуелот со Аргентина.

„Гаучосите“ остварија победа од 28:22, но цела ракометна јавноста зборува за пикерот на ДР Конго кој со своите 190 сантиметри и 110 килограми стана вистинска сензација на третиот ден од Светското првенство.

Инаку, Мвумби има 26 години и игра за францускиот тим Дрој, па премиерата на мундијалот дефинитивно ја искористи на најдобар можен начин за да и се претстави на ракометната јавност. Со своите четири гола беше втор најдобар стрелец во тимот на ДР Конго, каде најдобар поединец беше Киангебени со 7 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни