Поврзете се со нас

Олимписки игри

Аргентинците и Французите тргнаа во физичка пресметка по крајот на олимпиското четвртфинале (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Франција ја победи Аргентина во Бордо и избори пласман во полуфиналето на олимпискиот турнир, но случувањата на средбата која се играше подолго од 100 минути останаа во сенка на „третото полувреме“.

Голот на Матета уште од почетните минути беше доволен за „триколорите“ да ги израдуваат домашните фанови, кои пак не заборавија на аргентинските провокации изминатиот период и приредија жестока атмосфера за јужноамериканската селекција.

Само што заврши натпреварот, фудбалерите на двете селекции тргнаа во физичка пресметка и на теренот се случуваше вистински хаос во кој учествуваа буквално сите членови на двете делегации, а официјалните лица се обидуваа да спречат поголем инцидент.

Проблеми имало и на пат кон соблекувалните, па останува да се види дали дисциплинската комисија ќе одреди казни за дел од учесниците во немилите сцени. Тензијата во односите на двете селекции почна да расте уште по финалето на СП, а кулминираше со расистичкиот и дискриминаторски испад на дел од сениорските репрезентативци на Аргентина на сметка на француската репрезентација.

Во полуфиналето, Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за противник ја има селекцијата на Мароко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни