Свет
Аргентинците добија лоша вест за Меси неколку часа по бравурата против Атланта (Фото)

Лионел Меси рано утрово одигра 90 минути на натпреварот против Атланта во кој постигна гол како во своите најдобри денови, мајсторија со која го најави пресвртот на Интер Мајами.
Аргентинецот режираше бравура во свој препознатлив стил и беше најзаслужен за победата од 1:2, па иако сите беа импресионирани од изданието кое го прикажа по повредата која ја залечи, подоцна денеска пристигна една лоша вест за аргентинските фанови.
Капитенот на репрезентацијата ќе го прескокне претстојниот квалификациски прозорец за Светското првенство, откако пријавил физички проблеми по мечот со Атланта, и тоа во пределот на адукторот.
Поради тоа, Меси отпадна од листата на селекторот Лионел Скалони за двете претстојни дерби пресметки во месец март, односно гостувањето во Уругвај и натпреварот на домашен терен против Бразил.
За второто дерби против „кариоките“, веќе дознавме дека отпадна најголемата ѕвезда на Бразил во името на Нејмар, но сега на натпреварот нема да го гледаме и Меси.
Поради повреда заработена на последниот меч со Рома, дел од селекцијата на „гаучосите“ нема да биде и Пауло Дибала.
#SelecciónMayor Nómina de convocados por Lionel Scaloni para la doble fecha de #Eliminatorias.
🇦🇷 ¡Volvemos a vernos! 😁 pic.twitter.com/APD62lyHag
— 🇦🇷 Selección Argentina ⭐⭐⭐ (@Argentina) March 17, 2025
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија20 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија19 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија3 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите