Поврзете се со нас

Светски првенства

Аргентина со лекција за Червар, Хрватска пред елиминација од ракометното СП

Објавено

на

Аргентина ја победи Хрватска со 23:19 во претпоследното коло од главната фаза на ракометното СП и го шокираа фаворитот, кој сега е блиску до елиминација од шампионатот.

Јужноамериканската селекција стартуваше одлично и водеше со 5:0, а одигра многу подобро и во вториот дел, во кој двете селекции влегоа со резултат 12:12. Оваа селекција постојано беше во водство, па триумфот денеска е повеќе од заслужен и им дава реални шанси на репрезентативците на оваа земја да се изборат за четвртфинале.

Хрватска во последното игра со Данска, но нејзините шанси за четвртфинале ќе зависат и од мечот меѓу Катар и Аргентина. Поточно, избраниците на Лино Червар мора да ја победат Данска, додека Катар треба да ја победи Аргентина.

Пизаро со 4 голови беше најдобар реализатор кај победникот, додека Чупиќ беше најефикасен хрватски ракометар со 7 погодоци.

На второто дерби, Унгарија на дозволи грешка против Полска и го доби натпреварот со 30:26, при што уште на полувреме имаше плус шест, а рутински ја задржуваше предноста и во вториот дел.

Унгарците дефинитивно одат во четвртфинале, додека Полска ги загуби шансите за пласман во нокаут рундата. Лекаи со 8 голови бил најрасположен во унгарскиот состав, додека кај Полска, Сичко реализирал 6 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни