Поврзете се со нас

Свет

Аргентина се сопна во Баранкилја, Гомез со атрактивен гол го потопи неефикасниот Бразил (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Јужноамериканските квалификации за Светското првенство донесоа порази за Аргентина и Бразил, две селекции кои не се снајдоа најдобро во дуелите со незгодните ривали, Колумбија и Парагвај.

Хамес Родригез имаше клучна улога во победата на Колумбијците во Баранкилја, откако во првиот дел му асистираше на Москера, а во вториот реализираше пенал, со кој Колумбија ја обезбеди победата со резултат 2:1.

Нико Гонзалес барем за еден момент ги израдува гостинските фанови, користејќи грешка на противничката одбрана за одлична индивидуално решение со кое го совлада колумбискиот голман на почетокот на второто полувреме.

13-тиот гол на Хамес во мундијалските квалификации беше постигнат во 60. минута, а Аргентина во чии редови го немаше Лионел Меси, во последната третина од мечот не успеа да се избори ниту за израмнување.

За разлика од светскиот и јужноамериканскиот шампион, Бразил не успеа ниту да постигне гол, без разлика што дуелот во Парагвај го започна со триото на Реал, Винисиус-Родриго-Ендрик во нападот.

Диего Гомез реализираше атрактивно во 20. минута и предизвика вистинска лудница во Асунсион, а Парагвајците до крајот го сочуваа водството за големи три бода во дуелот со бразилската репрезентација.

Уругвај одигра само 0:0 на гостувањето кај Венецуела, а до победи стигнаа Боливија и Еквадор.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни