Аргентина постави нов рекорд, уфрли неверојатни 82 гола во мрежата на Боливија

argentina-bolivija

Аргентинската ракометна репрезентација постави нов светски рекорд на официјалните континентални натпреварувања, победувајќи ја селекцијата на Боливија со неверојатни 82:7.

Средбата е одиграна на шампионатот на Јужна и Централна Америка кој се одржува во Бразил, а немилосрдните „гаучоси“ станаа топ тема во ракометната јавност со 82 постигнати погодоци во мрежата на противникот.

Резултатот на полувреме бил 42:5, Боливијците во вториот дел постигнале само два гола, a најефикасен во аргентинскиот состав бил Начо Пизаро со 20 голови.

На турнирот играат шест селекции, а најдобрите четири ќе се пласираат на СП во Египет во 2021 година.

Facebook Коментари