Поврзете се со нас

Олимписки игри

Аргентина посрамотена, „дрим-тимот“ добива шанса за одмазда против должникот од подготовките

Објавено

на

Последното четвртфинале на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри беше најневозбудливо на денешната програма, од едноставна причина што актуелниот светски вицешампион беше посрамотен од селекцијата која игра беспрекорно во Токио.

Австралија и одржа кошаркарска лекција на Аргентина и славеше со неверојатни 97:59, а разликата од 38 поени разлика е најдобра отслика за тоа што се случуваше на теренот во јапонската престолнина.

Интересно, првиот период и припадна на Аргентина која водеше со 22:18, но се остсанато што се случи во наредните три четвртини беше на страна на Австралијците кои повеќе од заслужено сега ќе го предизвикаат најсилниот тим на светот.

Австралија ги доби наредните три периода со 21:11, 21:15 и 37:11, доминација со која најави вистински спектакл за полуфиналето на кошаркарскиот турнир во Токио.

Таму ги чека „дрим-тимот“ на Грег Попович, состав кој загуби од Австралија во подготовките за олимпискиот турнир, што е дополнителна најава за големи возбудувања во полуфиналето. Второто полуфинале го сочинуваат селекциите на Словенија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни