Аргентина го среди Катар и обезбеди место меѓу осумте најдобри на Копа Америка (Видео)

mesi

Репрезентацијата на Аргентина во третиот натпревар дојде до првата победа на Копа Америка и тоа над Катар од 2-0, победа со која обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.

„Гаучосите“ мораа да остварат позитивен резултат на овој дуел за да не доживеа вистинска катастрофа и испаднат уште во групната фаза. Избраниците на Скалони доминираа на натпреварот, создадоа доста шанси за гол, две од нив ги искористија и тоа преку Мартинез во 4 и Агуеро во 82 минута.

Со овој триумф Аргентина дојде до второто место во групата Б зад Колумбија која денеска ја потврди доминацијата во оваа фаза со победа над Парагвај од 1-0 за максимални девет бодови.

Аргентина во четвртфиналето ќе се сретне со Венецуела.

Facebook Коментари