„Арена Спорт“ ги доби правата за НБА лигата и сподели со каква програма ќе можат да уживаат фановите

toronto

Македонските фанови на НБА лигата изминативе неколку сезони имаа можност да ги следат најважните натпревари од најсилната кошаркарска лига во светот на „Спорт Клуб“, но од новата сезона, правата за најпрестижното натпреварување ги доби „Арена Спорт“.

НБА, Телеком Србија и телевизијата „Арена Спорт“ веќе најавуваа вакво сценарио, а ова попладне само ја споделија официјалната вест за почеток на повеќегодишна соработка, а тоа значи дека љубителите на кошарката од целиот регион ќе можат да уживаат во целокупни анализи и директни преноси од страна на редакцијата на угледната телевизија.

–  Да се биде дел од НБА семејството е еден од најважните чекори во оваа работа, без разлика дали сте играч или медиумска куќа, – изјави генералниот директор на „Арена Спорт“, Небојша Жугиќ.

Инаку, во официјалната објава, се нагласува дека „Арена Спорт“ ќе покрие повеќе од 200 директни преноси во сезоната, ќе има од пет до осум натпревари неделно, а во пакетот се вклучени и специјални емиции, вип гости и награди за фановите.

 

 

Facebook Коментари