Поврзете се со нас

Шпанија

Арда забележал неверојатна трансформација по само четири месеци во Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер се уште чека на своето деби за првиот тим на Реал МАдрид, а со оглед на тоа што веќе некое време е дел од тренинзите, првиот негов настап е се поблиску.

Талентираниот Турчин доби два незгодни удари во изминатите четири месеци и мораше да прави операција на коленото непосредно по пристигнувањето во Реал Мадрид, па тоа направи да има многу потежок старт на авантурата во „кралскиот клуб“.

Арда брзо ги запозна Карло Анчелоти и соиграчите со својот потенцијал и многумина веруваат дека се работи за талент кој може да донесе многу успеси за Реал во иднина, но во исчекување на дебито, денеска една од топ темите на социјалните мрежи е неверојатната промена кај Турчинот.

Анчелоти во една од првите изјави во пресезоната нагласи дека Ѓулер ќе мора да работи на својата физичка подготовка за да се навикне на новата средина, а тука Италијанецот мислеше и на мускулната маса.

Четири месеци подоцна, Арда забележа значителна трансформација и има добиено мускулна маса, која особено доаѓа до израз на нозете.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни