Арда Туран ја дозна казната за дивеењето и истрелот со пиштол во турската болница

arda-pres

Арда Туран веќе извесно време беше во исчекувања на пресудата на судот во Истанбул, откако минатата година во месец октомври предизвика инцидент кој подоцна доби и филмска разврска.

Искусниот турски фудбалер најпрво му го скрши носот на поп пејачот Беркај во ноќен клуб, а потоа откако дојде да му се извини во болница, направи вистински хаос бидејќи беше забележан со пиштол во здравствената установа во која имаше и еден истрел од огненото оружје. После неколку рочишта во изминативе неколку месеци, судот во Истанбул денеска донесе конечна пресуда, а истата е доста поволна за фудбалерот на Башакшехир аок се знае за какви дела се гонеше.

Туран е казнет со две години и осум месеци условна затворска казна, поради тоа што поседувал пиштол без дозвола и поради тоа што пукал со истиот во болницата. Во објаснувањето на пресудата се потенцира дека Арда несакајќи пукал во подот со огненото оружје, а тоа придонело казната да биде драстично помала.

Исто така, условната казна значи дека Арда нема да смее да направи ниту еден прекршок во наредните 32 месеци, бидејќи во спротивно, условната казна ќе се претвори во отслужување на затворска казна.

Facebook Коментари