Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Арда Туран: Чоло ни ја посочи слабата точка на Азар, така го елиминиравме Челси со три гола!

Објавено

на

Атлетико Мадрид на болен начин загуби во големото финале во Лигата на шампионите пред шест години, кога на завршниот меч во Лисабон ја имаше победата на дофат, пред забавата на „душекџиите“ да ја расипе Серхио Рамос, а потоа и Бејл, Марсело и Роналдо во дополнителните 30 минути игра.

Тимот на Чоло Симеоне имаше сезона од соништата и претрпениот удар беше навистина тежок, но од друга страна пак, аргентинскиот стручњак беше горд на сето она што го направи неговиот тим во кој никој не вложуваше никакви очекувања на стартот на таа сезона.

Атлетико имаше навистина тежок пат до последниот меч во Лисабон и во полуфиналето го елиминираше силниот Челси предводен од Жозе Мурињо, и тоа откако на реваншот на „Стемфорд Бриџ“ славеше со 1:3.

Овој натпревар сега повторно го направи актуелен Арда Туран, кој откри дека Чоло Симеоне им ја открил слабата точка на Еден Азар, преку која Атлетико ги постигнал сите три гола на споменатиот меч.

– Во Атлетико Мадрид научив што значи тактички фудбал. Ако не сте тактички подготвени, мечот го започнувате со негатива од 2:0. На пример, во Лигата на шампионите во 2014-та година, го анализиравме Челси до најситен детаљ. Го направивме тоа благодарение на Симеоне, по првиот меч кој заврши 0:0, тој ни порача дека Азар има слаба точка. Нагласи дека не го следи десниот бек и не се враќа доволно во одбрана. На вториот меч, нашиот бек Хуанфран жестоко притисна во три наврати, а тогаш Азар не го следеше. Ние постигнавме три гола и победивме со 3:1, – се потсетува Туран во своето Инстаграм вклучување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни