Поврзете се со нас

Шпанија

Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе и Тибо Куртоа решија најголем дел од проблемите за Реал Мадрид на  „Керамика“ стадионот кај Вилјареал, тим над кој „кралевите“ успеаја да слават со 1:2 и покрај бавниот влез во мечот.

После акумулираниот замор и недоволниот одмор кој го имаа во изминатите три дена, играчите на Реал имаа огромен предизвик да се натпреваруваат со „жолтата подморница“, а ако Куртоа беше задолжен за бранење на тешки удари, Мбапе беше максимално фокусиран во користењето на своите шанси.

Французинот постигна два погодоци и направи пресврт уште во првото полувреме, а како еден од најактивните во нападот, имаше забелешки за Арда Ѓулер во завршницата од мечот.

Реал преку контри се обидуваше да стави точка на мечот, но во една ситуација Арда изреагира доста себично, што направи да видиме бесна реакција од Килијан.

Мбапе бесно му замеруваше на помладиот колега и се лутеше што не доби топка во шеснаесетникот, реакција која само потврдува дека Французинот е максимално инволвиран во секој натпревар, или поточно во секоја акција која ја има неговиот тим.

Видеото погледнете го ТУКА

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни