Поврзете се со нас

Шпанија

Арда се обиде да го постигне најлудиот гол во Ла Лига со необичен почетен удар против Рајо (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер доби шанса во стартната постава на Карло Анчелоти, а мора да се признае дека Турчинот беше една од ретките светли точки во тимот на италијанскиот стручњак.

Младиот Арда запиша две асистенции во лудото дерби против Рајо Валјекано кое заврши со 3:3, презентираше низа одлични технички потези, но имаше и еден необичен обид да постигне гол на сезоната.

Надежниот фудбалер на Реал Мадрид го изведе најоткачениот почетен удар во последно време, бидејќи со шут од пола терен се обиде да го изненади голманот на Рајо.

Ѓулер биеше директно со својата посилна лева нога и сакаше да го фати Баталја на „спиење“, но неговиот удар заврши над голот.

Изненадувачкиот потег не донесе резултат за Реал во дадената ситуација, но сепак предизвика многу реакции меѓу фановите на социјалните мрежи.

Видеото погледнете го ТУКА

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни