Арда претепал познат пејач, па направил вистинска драма во болница (Фото)

turan

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран се најде во незгодна позиција откако физички нападнал позната турска музичка ѕвезда.

Актуелниот член на Истанбул Башакшехир го предизвикал инцидентот во ноќен клуб во турската метропола, откако ја навредил сопругата на пејачот Беркај, кој веднаш реагирал, но на крајот завршил со скршен нос.

Медиумите пренесуваат дека потоа настанала дополнителна драма откако Арда пристигнал во болницата каде Беркај бил опериран, со себе носел револвер и барал прошка, но и му велел на нападнатиот да го убие затоа што наводно не знаел дека се работи за неговата сопруга.

Минатата сезона, Арда доби рекордна суспензија на 16 натпревари откако нападна судија во турското првенство.

ben

Facebook Коментари