Шпанија
Арда постигна два гола, па воодушеви со гестот кон ривалот од шпанскиот нисколигаш (Видео)
Реал Мадрид не остави ништо на случајноста и максимално агресивно и офанзивно тргна на гостувањето кај четвртолигашот Депортива Минера, пристап кој му донесе и повеќе од убедлива победа на фаворитот.
„Кралевите“ ја минаа првата пречка во Копа дел Реј и славеа со убедливи 0:5, натпревар на кој Карло Анчелоти играше со комбиниран тим, во кој предност им даде на играчи кои почесто се на клупата за резерви.
Арда Ѓулер ја искористи добиената прилика и го заврши мечот со два гола зад своето име, но Турчинот го привлече вниманието и со величествениот гест по крајот на мечот.
Хосе Омар се најде во фокусот поради тоа што за малку ќе постигнеше гол од половина терен во првото полувреме, меѓутоа интересна беше и неговата средба со Арда по последниот судиски свиреж.
Членот на четвртолигашот го побара дресот од Арда и веднаш доби позитивен одговор од Ѓулер, но очигледно е дека не очекуваше истото да го направи и Турчинот. Ѓулер побара размена со противникот и си доби еден сувенир од шпанскиот нисколигаш, што доволно говори дека Арда не гледа над противниците ниту со најмало потценување.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Евролига16 часа
Ѕвезда на Партизан бираше најубав европски град, фановите шокирани од одговорот (Видео)