Поврзете се со нас

Европски првенства

Арда посочи дека неговата мајсторија не е случајна: Добив порака од Анчелоти по натпреварот

Објавено

на

Foto:instagram.com/millitakimlar

Арда Гулер ја воодушеви фудбалска Европа со мајсторијата која ја режираше на натпреварот против Грузија, погодок со кој практично го трасираше патот на својот тим до прва победа на Европското првенство.

Новата ѕвезда на Реал Мадрид стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на едно Европско првенство и го урна рекордот на Кристијано Роналдо, но тоа го направи на начин кој вечно ќе остане во негово сеќавање, но и во сеќавање на турските фанови.

Арда испорача кандидат за гол на турнирот во Германија, а парадата која ја направи Мамардашвили само го разубави ремек-делото за кое Гулер вели дека не е случајно.

– Чувството е неверојатно, сонував дека ќе дадам ваков гол. Сакав да ги израдувам сите турски фанови. Чувствувам голема љубов од трибините и правам се за да возвратам на истата. Се надевам дека ќе продолжам во ист ритам.

– Овој гол не е случаен, вежбам вакви шутеви по тренинзите во Реал и репрезентацијата. Ќе ви откријам дека добив порака и од Карло Анчелоти. Ми испрати порака и ми порача дека ми е голема поддршка. Се надевам дека ќе има уште убави моменти за нас на ова Европско првенство, – изјави Арда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни