Поврзете се со нас

Шпанија

Арда им „продаде“ фудбалски деликатес на Себалјос и Кепа на последниот тренинг на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер дефинитивно нема сезона онаква како што замислуваше на официјалната промоција која ја имаше во Реал Мадрид, но причина за такво нешто се и незгодните повреди кои направија да биде неколку чекори зад актуелните соиграчи во првиот тим.

Младиот Турчин мораше да прави и операција на коленото за да ги реши проблемите, па иако сега веќе подолго време е фит, не успева никако да се наметне во плановите на Карло Анчелоти.

Италијанецот бара трпение за младиот фудбалер и им порача на новинарите да не вршат притисок, но од друга страна, самиот Арда се грижи и да биде доста запазен на тренинзите на Реал, бидејќи неговиот квалите доаѓа до израз кога игра против соиграчите.

Доказ за тоа е и денешниот тренинг, на кој Арда им „продал“ фудбалски деликатес на Дани Себалјос и Кепа Аризабалага, потези кои направија видеото да стане вирален хит.

Фановите на Реал навистина се заљубени во техничките квалитети кои ги поседува Арда, но последниот збор го има Дон Карло и само тој знае дали Турчнио ќе добие поголема шанса до крајот на сезоната, или следната ќе биде испратен на позајмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни