Лига на нации
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)

Турција го потврди квалитетот во двомечот со Унгарија и денеска оствари нова победа над истата селекција, овојпат во Будимпешта со резултат 0:3.
Избраниците на Винечнцо Монтела со вкупни 6:1 покажаа дека се далеку поквалитетна селекција во овој момент и заслужено остануваат во Дивизијата А во Лигата на нации, односно остануваат меѓу елитните репрезентации кои во септември 2026-та година ќе го почнат новиот циклус во ова натпреварување.
По победата од 3:1 во Истанбул, денешниот меч во Будимепшта почна со доста поостра и поагресивна игра од домаќините, но ниту тоа не им помогна посериозно да го загрозат голот на Чакир.
Чалханоглу од пенал го постигна првиот гол во 37-та минута, а најверојатно сите дилеми околу победникот во овој двомеч ги реши Арда Гулер две минути подоцна.
Младата ѕвезда на Реал Мадрид уште во самиот старт на мечот влезе во клинч со Собослаи и реши да го замолкува унгарскиот капитен, а потоа постигна и гол кој беше одлучувачки на овој втор натпревар во Лигата на нации.
До крајот на мечот, во листата на стрелците се запиша и Бардакчи за конечни 0:3 во 90-та минута.
Сите најдобри потези од Арда на овој меч погледнете ги ТУКА
ARDA GÜLER. 💎🇹🇷 pic.twitter.com/qj8fe8w3Vm
— Madrid Xtra (@MadridXtra) March 23, 2025
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија18 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови8 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија11 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа
-
Шпанија15 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)