Поврзете се со нас

Шпанија

Арда дочека шанса од Анчелоти и со својот прв гол ја запечати убедливата победа на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LaLiga

Реал Мадрид со рутинска игра и без никакви проблеми се справи на натпреварот со Селта Виго, а на крајот оствари и навистина убедлива победа на „Сантијаго Бернабеу“.

Водечкиот гол на Винисиус Жуниор од првото полувреме беше активен до 79-та минута од мечот, кога еден удар на Ридигер се одби од грбот на Гуаита и заврши во мрежата за водство од 2:0.

Завршните десет минути претставуваа чиста рутина за „кралевите“, но играчите кои влегоа од клупа беа максимално мотивирани, па видовме уште два гола.

Реал покажа дека може да игра и без суспендираниот Белингам, бидејќи во 88-та минута Винисиус се погрижи Домингез да си постигне автогол, а во судиското продолжение го видовме и првиот гол за Арда Ѓулер.

Младиот Турчин доби шанса во 89-та минута, а пет минути подоцна ги постави конечните 4:0 со својот прв гол во дресот на Реал.

Голот на Арда погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни