Лига на шампиони
Араухо: Во некои други времиња ќе доживеевме елиминација……

Роналд Араухо се најде во стартната постава на Ханси Флик на местото на Ињиго Мартинез, а како еден од играчите кои често се мачеше со ривалите од Борусија Дортмунд, по крајот на мечот прв изелзе со изјава за пласманот во полуфиналето.
Благодарение на убедливата победа на првиот меч со резултат 4:0, Барса нема да има кошмари од денешното лошо издание на „Сигнал Идуна парк“, но во оваа негативна европска ноќ, Араухо реши да ги извлече позитивните моменти.
Поразот од 3:1 сигурно е нешто што не го замислуваше никој во таборот на каталонскиот великан, но само покажува дека квалитетот во Лигата на шампионите е на завидно ниво, нешто што можевме да го видиме и на другото четвртфинале меѓу Астон Вила и ПСЖ.
– Прво и основно, мора да бидеме задоволни што сме во полуфинале после долго време. Овој клуб заслужува да биде дел од завршницата во Лига на шампиони. Шест години не сме биле до оваа фаза и мора да бидеме среќни и задоволни. Во некои други времиња, вечерва ќе потклекневме и ќе доживеевме елиминација.
– Денеска не е така, успеавме да издржиме и да се пласираме во полуфиналето и тоа е она што е најважно. Шест години сум во клубот и првпат ќе бидам дел од полуфинале. Среќен сум за тоа и со нетрпение ги чекаме следните предизвици, – изјави Араухо.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…