Свет
Араухо со критики за провокаторот од Јунајтед: Најважно е да се биде понизен

Барселона сериозно напредуваше во дефанзивен план под водство на Чави Ернандес, а еден од најзаслужните за тоа е Роналд Араухо кој игра во врвна форма откако легендата се врати на „Камп Ноу“.
Уругваецот најчесто е непремостлив бедем за противничките фудбалери и посебно импресионираше со начинот на кој се справи со Винисиус Жуниор, но мора да се признае дека немаше толку добри решенија за Маркус Рашфорд.
Манчестер Јунајтед ја елиминираше Барселона во Лигата на Европа во еден двомеч кој навистина беше спектакуларен, но кој на крајот донесе и провокации од Алехандро Гарначо.
По триумфот на „Олд Трафорд“ и пласманот во следната рунда, младиот Гарначо ја имитираше прославата на Педри и ги „поздрави“ каталонците, Инстаграм објава која ја воочиле и фудбалерите на Барса.
– Секој може да прави што сака, но не треба да се прави такво нешто после возбудлив натпревар. Јас ги почитувам сите и сметам дека понизноста е поважна од се.
– Секој може да се изјасни како што сака, но јас претпочитам да бидам мирен и да се покаже она што се има на теренот. Ова е фудбал, Гарначо е многу млад и има за учење. Мора да покаже понизност и респект кон противникот, – вели Араухо во интервјуто за „Инфобае“.
• Did you find Garnacho’s behavior annoying after the loss vs United?
🎙️🚨| Araújo: “Yes, everyone is the way they are. I respect everyone. Each one expresses as they want, but I’d rather have a low profile & show everything on the pitch. You have to be humble & calm” #fcblive pic.twitter.com/un74ZzBGGX
— BarçaTimes (@BarcaTimes) March 18, 2023
-
Балканпред 8 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Светпред 20 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Францијапред 7 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 16 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Шпанијапред 4 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Англијапред 6 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 8 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……