Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо: Подобро да не кажувам што мислам за изјавата на Гундоган!

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо ги остави своите играчи за цедило и поради непотребен прекршок се самоисклучи од дербито со ПСЖ, па иако речиси сите соиграчи застанаа зад него после болниот пораз од „светците“, сепак имаше еден кој директно го прозва уругвајскиот стопер.

Илкај Гундоган посочи дека Роналд постапил неразумно и му ја подарил победата на ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а воедно додаде дека требал да го остави Баркола и да му даде шанса на Тер Штеген да реагира во ситуација еден на еден.

Ваквата изјава на Гундоган предизвика мала бура во првиот тим на Барселона и Кунде и Серхи Роберто го потсетија дека во Барса се победува и се губи како тим, па сега оваа тема стана посебно интересна бидејќи со изјава во јавноста се јави и трагичарот Араухо.

– Подобро да остане за мене, подобро да не кажувам што мислам за изјавата на Гундоган. Имам свои правила и свои вредности и секогаш се обидувам да ги испочитувам. Нема да ви кажам што мислам за неговата изјава, ќе го задржам за себе, – изјавил денеска Араухо.

– Тажен сум за елиминацијата, исто како сите фанови на Барселона. Го имавме четвртфиналето во наши раце и разочарувањето е големо. Тоа беше несреќен дуел за мене, тоа се 50-50 ситуации. Ако судијата не досудеше црвен картон, никој немаше да каже ништо. Веќе кога досуди фаул, мораше да ме исклучи, – додава Уругваецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни